Дојди ми, ѕвездо – Александра Стојановиќ

Ноќва повторно сама
ѕвездите ги набљудувам.
Сѐ до последен здив,
ги редам зборовите
отстранувајќи ги долговите.
Како камења збрани
товарот го бројат,
маката од нив
за мене ја двојат.
Ѕвездо моја,
застани на моето рамо,
ти ветувам
мирно ќе те чувам
дојди ми само.
Два збора со мене размени
да знам дека си тука,
тагата од срцето
со себе понеси ја,
среќата донеси ја.
Заплови во мојата конфузија
само тогаш ќе успееш
да ја достигнеш оваа илизија.
Засолни се
на едно од моите крилја
ѕвездо незаборавена мила.

Александра Стојановиќ

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!