Skip to content

Јазик

Се одврзал од погледот на мајката

Се накитил со златести букви

Се зачувал во срцата на надојдените бранови

Се откинал од душата без издишка

Издишувам гласови кои можам само јас да ги разберам

Изглаголувам глаголи поврзани со минатото

Ги носам во иднината

Ги живеам во сегашноста

Јазик сврзан и недоврзан

Поврзан и разигран

Некогаш разбирлив, некогаш

Таен, симбол на душата

Непоклеблив плам

Животен сопатник

Секајдневен пријател

Јазик, мајчин сон

Јазик, вековит спомен

Јазикот кој го зборувам, мој вроден корен.

Напишете коментар