Предлог филм: Стапица за родители (1998)

За денес како предлог филм ја имаме класичната романтична комедија од 1998 – ма,  “Стапица за родители”.  Филмот е базиран на германскиот роман “Лоти и Лиса” на Ерих Кеснер, а е римејк на истоимениот филм од 1961 – вата година.
“Стапица за родители” (The Parent Trap), во режија на Ненси Мејерс и по сценариото на Чарлс Шуер и Ненси Мејерс е една приказна за тоа како судбината по секоја цена пробува да спои едно одвоено семејство.

Ник Паркер и Елизабет Џејмс се запознаваат на крстарење и се вљубуваат. По кратко љубовта ја крунисуваат со брак од кој се раѓаат близначките  Ани и Хали Паркер. Но, покрај големата љубов Ник и Елизабет се разведуваат и прават договор, Ник ќе ја задаржи Хали во Калифорнија, А Елизабет Ани во Англија.

Ани Џејмс и Хали Паркер растат незнаејќи една за друга ниту пак за другиот родител, со себе имаат само една искината фотографија. Случајност или судбина ќе ги спои во летниот камп за девојчиња и што ќе направат кога ќе ја дознаат целата приказна? Секако стапица за нивните родители.

Во главните улоги: Денис Квејд, Наташа Ричардсон, Линдси Лохан, Илејн Хендрикс и многу други талентирани актери и актерки.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!