Љубовна пријателска приказна – Виктор Јевтимов

Ти си мојата љубовна пријателска приказна
приказна која има почеток но без крај.
Јас не го сакам крајот знам крајот највеќе боли.
Ме мамиш со твоја убава насмевка
со твоите големи очи кои ми
личат на дијаманти кои во ноќта
блескаат од убавата светлина на месечината.
Ти си моја убавица принцеза и мое лимонче.
Заеднички си дадовме убави имиња
та дури и од животни.
Ме мамат и твоите усни
ти ми зборуваш а јас со мерак ги меркам
ги посакувам моите со твоите да бидат
слепени.
И така пријателски и пријателски
многу пријатески сѐ станува
љубовно пријателски.
Нашите тела се спојуваат
мислите стануваат едно
и љубовта станува енергија.
И за крај на оваа безвремена песна
љубовна пријателска приказна вистинска
да сме живи и здрави и сите вие
вљубени како нас.

Виктор Јевтимов

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!