Крајот на 80-тите и раните 90-ти годинина 20-тиот век донесоа големи промени во светот, а особено во Европа. Со падот на Берлинскиот ѕид почна да се испишува нова европска историја, заврши студената војна. Заедно со ѕидот под налетот на демократските сили паднаа и комунистичките режими кои половина век го делеа континентот на два дела. Во тие големи чекри кон освојувањето на демократијата се вклучи и Македонија започнувајќи го патот кон самостојна и суверена држава надвор од Југословенската федерација.
Усвојување на декларацијата за независност
На 25 јануари 1991 година македонскиот парламент ја усвои декларацијата за независност на Р. Македонија по што следуваше и одлуката за распишување референдум. На 6 август 1991 година, собранието на Р. Македонија со акламација донесе одлука за распишување референдун на кој граѓаните на републиката требаше да се изјаснат за прашањето: „Дали сте за самостојна и суверена држава Македонија, со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија?“
Вака форумилираното прашање било поставено пред сѐ поради фактот што југословенската народна армија сѐ уште се наоѓала во македонските касарни и нејзиниот врв размислувал со силата на оружјето и заплашување да го спречи неизбежниот процес на распаѓање на самата федерација. Референдумот за самстојна суверена репубилка Македонија беше спроведен на 8 септевмри 1991. Од вкупно запишаните еден милион четиристотини деведест и четири илјади, шестотини дваесет и шест гласачи гласале 71,85%, а од нив дури 95,32% се изјасниле за формирање самостојна и суверена држава.
Референдум, формирање на армијата и воведување на денарот
Врз основа на резултатите од референдумот кој ја отсликува желбата за независност на граѓаните собранието го заокружи процесот на осмостојување. На 17 ноември 1991 г. бил донесен и изгласан првиот устав на суверена Република Македонија. Следниот месец, на 19 декември 1991 г. во собранието била усвоена декларацијата за меѓународно признавање на Р.Македонија како суверена и независна држава.
Неколку месеци подоцна ЈНА ја напуштила територијата на Р. Македонија, а на 18 август 1992 г. била формирана и армијата на Р. Македонија. Важен чекор кон монетарното и економското осамостојување било и воведувањето на македонската валута – денарот на 26 април 1992 г. На овој начин 8-ми Септември 1991 г. останува да се памети и празнува како датум на кој била формално почната и остварена историската цел на нашиот народ.
Овој датум означува реализација на идеали и копнежите на генерации Македонци кои ги посветија и ги дадоа своите животи во вековната борба за формирање самостојна македонска држава во која конечно Македонците заедно со другите граѓани кои се дел од заедниците во Македонија ќе можат да живеат слободно и самостојно. 8 Септември е ден кога се слави независноста на Р. Македонија. Празникот ја означува сувереноста, независноста и самостојноста на Македонија и македонскиот народ.
Изјавата од Никола Кљусев кој бил тогашен претседател на владата
Првиот премиер Никола Кљусев рекол: „Пред сè со референдумот се бара да се афирмативно пристапи кон онаа вековна борба на македонскиот народ, која некогаш се решавала со пушки и крв. Денес слободни со својата културна еманципација, национална свест се определиме пред сè за самостојна и суверена држава, а потоа да пристапиме со својот правен легитимитет, ослободени од секаква поданиска филозофија и инфериорност и во преговори со партиите, а тоа се шестте републики во Југославија и никако другачие, и тоа ни даде за право да кажеме дека нашиот суверенитет и нашата самостојност ја сфаќаме само како поттикнувачки мотив, инспирација и правен легитимитет да стапиме во еден сојуз со суверени држави.
Оттука нашата замисла и ние сакаме врз овие принципи и ова видување да изградиме една нова заедница на југословенските суверени држави. Но, во колку не дојде до тоа, тогаш самата историска обврска и судбина ќе не тера да ние пристапиме кон спокојно изодување на своја суверена држава, односно сите нејзини сегменти во правниот, политичкиот, економскиот систем и тоа ќе ни даде шанса да воспоставиме партнерство со сите оние кои ќе имаат интерес со нас да бидат, а Европа е тој дом кој ќе не интегрира и ќе не спои…“
Видео од документарниот канал во кој се раскажува за денешниот празник.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.