Само – А. Лефкоска

Не знам дали ќе ме слушнеш или разбереш
додека во ноќта глува в себе лелекам,
и не знам што ќе си раскажеш
за да ти е подобро и да го тргнеш товарот.
Ама, љубов моја,
јасно ми е дека знам да претерам,
и љубов моја
(Да, се дрзнав така да те наречам),
на парчиња ми се цепи душата,
и во секоја реалност прави друга приказна:
Во една, тамо сме заспани,
Во друга празна е собата,
Во трета урлаат децата,
А, пијам и умирам сама во наредната.
Илјада начини,
Илјада паралелни животи
тамо кај што свемир се спојува
и ѕвезди пребројува;
Тамо…
Да пробав само…
Тамо…
Храброст само…
Тамо далеку…
За оцку само…
Тамо…
Тамо кај тебе…
Една буква само…
Тамо…
Само, ако тамо…
Само, ако…
Само, за оцку тогаш – тамо…
Само – само – само…

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!