Во огледалото на твојата љубов – Марија Бакиевска

Во огледалото на твојата љубов
Пред кое секое утро стојам
Таму можам да се видам
Длабоко да се загледам
Секогаш нешто ново да забележам!
И на новото ЈАС да се потсетам
Каде бев, а каде сега чекорам!

Без да се кријам
Без шминка да ставам
И солзите да ги спуштам
И надежтта да ја облечам!
Во огледалото на Твојата љубов!

Еве таму се наоѓам
Без страв, доаѓам
Со отворено срце се приближувам
Единствено место во кое ништо не кријам!
Ниту едно чувство, не потиснувам
Само се потсеќам
Дека во овој момент стварно постојам
Дека вдишувам и живеам
Дека паѓам, ама победувам!

Слабоста ја прифаќам
На силата докажана се потпирам!
И искрено не се грижам
Дали целите во копнежите ќе ги достигнам!
И дали желбите на срцето наскоро ќе се исполнат!
Зашто кога ќе застанам
Во едно верувам, а тоа е дека јас во вечноста чекорам!
Дури и кога одлуки пред своето Ти, донесувам,
јас не се плашам, од новиот чекор што го правам!

Во огледалото на Твојата љубов!
Душата како плик ја отварам
Веднаш го читам, тоа што го пишува
Секоја запирка, ја прикажувам
Секое празно место, го нагласувам
За секој извичник, прашање поставувам!
И наутро и навечер, таму поминувам!

И знам која сум
И потврда не барам
Ниту на непознати гласови верувам
Само во фактите се одмарам!
Во огледалото на Твојата љубов
Мојот дом се наоѓа
Сликите за иднината, таму се насликани
Настаните на сегашноста, таму се прикажани!

Мојата Уникатност е издвоена
Мојата Вредност е реализирана
Моето сѐ, во твоето сѐ, е исполнето!
Во огледалото на Твојата љубов!
Пред кое и денес се облекувам!

Марија Бакиевска

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!