Листа на познати писатели кои не ја добиле Нобеловата награда за литература, а ја заслужиле

Доделувањето на Нобеловата награда за литература долги години било проследено со бројни контроверзии околу изборот на добитниците. Херман Хесе во една прилика при примање на наградата изјавил дека нема многу смисла таа да се доделува на целосно афирмиран писател во поодминати години, во моментот кога целиот свет веќе го познава и цени. Кога Нобеловата награда доаѓа во рацете на авторот кој е пред завршување на кариерата тогаш тоа повеќе му користи на самиот комитет кој ја доделува отколку на самиот писател.

Така Академијата се брани од обвинувања дека направила уште еден пропуст. На авторот наградата  не може многу да му помогне пред завршување на кариерата освен да ја нахрани својата суета во случај апетитите сѐ уште да му се големи. Меѓу писателите кои останале ускраетни за оваа награда секој има барем еден кој му е омилен, а причините за ускратувањето за ова признание е дека тие не се поврзани со книжевноста.
Во продолжение прочитајте ја опширната листа на писателите кои не добиле Нобелова награда додека живееле, а ја заслужиле.

Лав Николаевич Толстој

Точно е дека Нобеловата награда не се доделува постхумно, но првпат е доделена во 1901 година, а Толстој живеел сѐ до 1910 година. Кога првиот Нобел заминал во рацете на Сили Придом, 42 шведски интелекуталци меѓу кои бил и Стриндберг, испратиле писмо со незадоволство од одлуката на нивната Академија. Толстој од друга страна сѐ прифатил смирено. Одговорил дека е необично среќен дека Нобеловата награда не ја добил бидејќи не би знаел што ќе прави со тие пари. Бил убеден дека парите од наградата единствено можат да му донесат нешто лошо во неговиот живот.

Марсел Прус     

Пруст никогаш не бил писател на бестселери, но затоа е дел од наставниот програм на секоја катедра за книжевност насекаде во светот. Модерната уметност не може да се замисли ако се одземе влијанието кое овој француски писател го извршил врз нејзе. Но и тој не ја добил наградата за книжевност иако создавал во текот на дваесетиот век. Никогаш не е лесно да се претпостави кој ќе го добие следниот Нобел бидејќи ни процесот за номинирање не е наједноставен.

Џејмс Џојс

Популарноста на овој Ирец растела од година во година и после неговата смрт, но во текот на животот пишувал на начин кој бил спротивност од сѐ она коешто академциет во црни одела го прифаќале како висока книжевност. За почеток, Џојс сакал да го унишит наративот, приказната, рамката на романот од неговото настанување. А за нешто големо, потребно е време за да биде прифатено. Неговиот „Уликс“ денес многумина го сметаат за најважен роман од дваесетти век.

Вирџинија Вулф

Во последниве две децении околу 13 жени добиле Нобелва награда од почетокот на нејзиното доделување. Ова бил начин да се исправи неправдаа кон оние големи авторки на кои им била ускратена наградата во првата половина на дваесетти век, а меѓу нив прва на таа листа се наоѓа Вирџинија Вулф.

Хорхе Луис Борхес

Борхес во една прилика кога бил прилично остарен изјавил дека не ја добил Нобеловата награда бидејќи господата во Стокхолм сигурено мислат дека веќе еднаш му ја доделиле. Сѐ е можно, а дека комитетот за доделување награди секогаш ги земал во предвид и политичките случувања, историскиот момент и нелитерарните ставови на писаетлите сведочи и примерот со Борхес. Аргентинскиот писател е поврзуван со неколку диктатори од минатиот век меѓу кои биле Пиноче и Франко.

Владимир Набоков

Набоков и неговата контроверзна „Лолита“ кој со Борхес ја создал постмодерната проза исто така е влезен во листата на творци кои не го добиле признанието во вид на Нобелова Награда. Сепак тој бил номиниран повеќепати. 1974-тата година била интересна година за Нобелова награда кога истовремен биле номинирани Набоков, Борхес, Грејм Грин и Сол Белоу, но наградата ја поделиле швеѓаните Џонсон и Мартинсон двајцата членови на жирито за доделување на Нобеловата награда.

Прераната смрт била единствена пречка поради која многу автори не биле официјално овенчани Нобелови лауерати како што биле Орвел, Кафка, Фицџералд. Автори кои оставиле голем белег во книжевноса кај пошироката читателска публика, а не добиле официјална потврда од шведската академија се и Селинџер, Фанте, Буковски, Булгаков и Хенри Милер. Како и Хенрик Ибзен и Чехов чиешто творештво се врзува за деветнаесетти век, а живееле во дваесеттиот.

Прочитајте ги и занимливостите околу доделувањето и номинациите за Нобелова награда.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!