Не сум тим Светица
па на олтар да ме чуваш,
и времето безвремено –
крај мене да си минува…
Не сум Светица
па свеќи да ми палиш,
слики да ми бакнуваш и
вино, залудно да ми истуриш!
Не сум ти Светица
па да ме молиш…
со склопени раце
и затворени очи!
Наместо на олтар,
на постела да ме легнуваш.
Времетекот од телото ми,
со врела пот да го сопираш!
А свеќиет, запали ги-под кожата ми!
И сликите, искриши ги
и МЕНЕ
врами ме некаде
во месото ти!
Виното, со крвта – измешај ги!
Рацете – стегни ги околу снагата ми
– па јас да молам!
Очите…
Очите силно отвори ги
И гледај ме – како ти се подавам!
Не сакам Светица да ти бидам!
Сакам Жена да сум ти…
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.