Глас (пророштво) – Јовица Тасевски–Етернијан

Глас на испосник-вестител
се шири од возвишение
кон предели сенишни, задушливи, гнили:

Зловолие ви се вие
како сплет од змии
во крутите жили!

Нему сте Му немили!
Вомјазени-замразени:
Се скри ли?

Не, не е притаен Тој,
туку валкани превези
имате врз очите

О, безобѕирни
што како црни капки
во бездна се точите!

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!