Отрове,
убиј ме,
ама не ставај сол на раните,
не бриши ги солзите штом
не ти се слободни рацете.
Отрове,
шетај низ вениве,
удри на срцево
да одам мирно
да не сетам ништо,
Да не гледам празни очи и фасади
и со сила лажно посветени балади.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.