Камениот ум – Зен приказна

Хоген, зен учител од Кина, живеел сам во еден мал храм во провинција. Еден ден четворица патувачки монаси се појавиле во неговиот дом и го прашале дали може да запалат оган во неговиот двор за да се згреат.

Додека го подготвувале огнот, Хоген ги слушал како разговараат за субјективноста и објективноста. Тој им се придружил и рекол: “Погледнете го оној голем камен. Што мислите, тој се наоѓа внатре или надвор од вашиот ум?“

Еден од монасите одговорил: “Од будистичка гледна точка сè е опредметување на умот, така што би рекол дека каменот се наоѓа во мојот ум“.
“Сигурно тежината од главата што ја чувствуваш е многу голема“, забележал Хоген, “штом во својот ум носиш толкав камен“.

Прочитајте ја и “Приказната за мравката (лекција од современиот менаџмент)”

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!