Постојат одредени индикации дека трансформацијата наскоро ќе се случи, а ако обрнете внимание на нив ќе бидете спремни да ја прифатите. Прочитајте ги во продолжение и проверете дали можеби ви се случува трансформација.
1. Поемотивни сте
Емоционалните промени често ѝ претходат на трансформацијата, тие се средишен дел на она што ви се случува кога активно го менувате својот живот. Можно е истовремено да чувствувате потреба за смеење, но и плачење, но вие сте задлабочени во чувствата многу повеќе од вообичаено. Сѐ ви изгледа поголемо и позначајно. Не се обидувајте да ги потиснувате или сокривате тие емоции. Наместо тоа, соочете се со нив и запрашајте се што можете да преземете во врска со нив.
2. Односите завршуваат
Завршувањето на различни односи може да биде болно и дестабилизирачко ако се доживее истовремено во неколку недели или месеци. Важно е да се воочи овој вид на образец и да се размислува за тоа што значи тој. Во повеќето случаи кога ви се случуваат длабоки внатрешни промени почнувате и поинаку да гледате на односите што ги имате во тој момент. Дури и ако свесно не сте ги исфрлиле луѓето од вашиот живот тие можат природно да си заминат поради промена на вашата вибрација (енергија) и промените што ви се случуваат. Трансформацијата понекогаш бара драматичен судир или стекнување еден вид искуство на губиток, но добрата вест е дека создава простор за оние кои се на вашата бранова должина и ќе одговараат на вашето повиоско Јас.
3. Забележувате знаци
Многу луѓе кои поминувале низ голема преобразба се соочувале со огромен број знаци од универзумот кога биле на самиот врв на големи промени. На пример обрнувате внимание на повторувачки бреови (како 11:11 или 777), на животни и теми, имате средби со луѓе кои можат да бидат корисни за да ве насочат кон правилната насока. Знаците можат да се појават како чувства, па така може да имате чувство дека нештата наскоро ќе се променат.
4. Се чувствувате “заробено“
Понекогаш се чувствувате дека сте заглавени или заробени во ситуации кои не ви одговараат (поврзани со работа, образование или романтично партнерство). Во други случаи можеби ќе забележите посебно чувство на неусогласеност кон погледот на животот, имате чувство дека не сте синхронизирани со него. Сите тие искуства упатуваат дека животот е автентичен и покажуваат дека дефинитивно сте подготвени за нешто друго.
5. Чувствувате дека сте ја надраснале некоја одредена животна фаза
Некои знаци на трансформација се апстрактни (пример знаци од универзум, ваши внатрешни доживувања). Пример, забележувате дека вашето досегашно однесување, пронаоѓање инспирација, т.е. занимавање со меѓучовечките прашања едноставно не ги дава понатаму истите резултати? Ако одговорот е позитивен тоа значи дека вие сте ја надминале претходната фаза и се движите кон промена.
6. Имате порив да ги решите старите прашања
Кога се наоѓате на некое ниво и се движите од една животна фаза во друга, понекогаш може кај себе да забележите дека го посматрате својот живот наназад. Старите неразрешени “конфликти“ и долготрајните сомнежи можат да дојдат во средиште на вниманието. Постои темелна потреба за последното “поглавје“ од своето постоење да се заврши на урамнотежен и уреден начин.
Во реалноста можно е да не можат да се решат сите видови проблеми преку дејствување, но ако ги обработувате преку саморефлексија или во писмен облик, можете да дојдете до затворање на поглавје кое е потребно да се затоври за да доживеете нов почеток.
Прочитајте и “визуализација“ – евтина психологија или начин на функционирање на универузмот?
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.