Субхути бил ученик на Буда. Тој умеел да ја сфати силата на празнотијата, стојалиштето дека ништо не суштествува надвор од соодносот меѓу субјективноста и објективноста.
Еден ден Субхути, во расположение на возвишена празнотија седел под едно дрво. Ливчињата почнале да паѓаат околу него.
“Те величаме поради твојата реч за празнотија.” Mу прошепотиле Боговите.
“Но, јас не реков ништо за празнотијата.“ рекол Субхути.
“Ти не зборуваше за празнотијата, ние не ја слушнавме празнотијата.“ Oдговориле Боговите.“Тоа е вистинската празнотија.“ И цветовите почнале да паѓаат врз Субхути како снег.
Прочитајте ја и приказната за камениот ум.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.