Игор Крајчев – Победа

Игор Крајчев (Велес, 24 септември 1981) — македонски писател на епска фантастика. Тој е првиот македонски писател кој го воведува и го популаризира жанрот епска фантастика, која е особено значајна и популарна во останатите земји. Крајчев е добитник на Деветоноемвриско признание за афирмација на литературата и е перспективен македонски писател.

Прочитајте ја неговата трето наградена песна  на Антево слово, дел од Меѓународниот фестивал Il parsnaso – Premio Angelo La Vecchia.

Победа

Не возгордувај,
Не воскликнувај,
Целта е твоја
и само твоја,
ничија друга…
Дури и кога си го погодил центарот,
знај дека си промашил се’ останато…
Оти целта е само твоја…
Таа е твоја победа, а нечиј пораз…
Како што е твоја насмевката,
што некого боли,
Како што е твоја солзата,
што некого насмевнува…
Затоа не возгордувај,
не воскликнувај…
Насмевни се тогаш
кога ќе се исправиш,
откако ветрот те фрлил на колена…
Оти само тогаш,
вистински
си победил!