Skip to content

Наплив. Двигател – Јовица Тасевски–Етернијан

Празнината,
ништовитата височина,
врвната темнина

Го раѓа
и тој бескрајно паѓа
во клисурите

Ги заведува карпите,
ги бакнува, ги гризе
и в неврат ги завлекува

Студените облици
заситени од себе
по неговиот допир копнеат

Пред напливот
што без сопир преобразува
трепери Сè!

Напишете коментар