Поетот работи со поглед,
понекогаш го продолжува
со двоглед,
па го фрла како јадица.
Сега фати една птица,
а сега цела улица.
Кога оди, чекори смета
честопати му се
и дланките влажни
и мислата
му лета.
Сличен е
на планински цвет.
Поетот има
најголемо срце
на сиот свет.
Препев: Иван Џепаровски
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.