И? тие сме ти, недостижни за тебе
Спокојствие,
за тебе тивка убост.
Сè почесто за сонот ден ни треба
за денот сон и пцости
па и грубости.
И: севезден непрестајно нè мами
недофатот по она што заутрува-
па патиме ко секој самик
во јазлите на својте чувства крути.
И: севезден по стопати се прашаме
зар токму такви сме ти слабаци,
што сè уште безразложно се плашат
со две раце од животот да грабаат!
И: никој не е, ни јас, ни ти, ни тој,
ненадејник без смисла за чекорење
накај смиреноста на оној пристан свој
каде што вреди да се сетиш морен.
И: тоа еднаш ќе се случи
драги, безимени човечиња во сиво,
па белки ќе се принаучиме
да подразбираме од животов.
Божилак (1960)
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.