Комуникацијата е битна – Поучна приказна

Слушнале животните во шумата дека мечката има список за убивање.
Прв доаѓа еленот и го прашува Медо:
“Медо, стварно ли имаш таква листа?”
Медо: “Имам.”
Еленот: “И јас сум на неа?”
Медо: “Да.”
Утредента го наоѓаат еленот мртов.

По него, волкот собрал храброст, оди кај Медо и го прашува:
“Медо имаш ли листа за убивање?”
Медо:“Имам.”
Волкот: “Мене ме има на неа?”
Медо: “Да.”
Утредента го наоѓаат волкот мртов.

Оди зајакот кај Медо и го прашува:
“Медо, стварно си направил список за убивање?”
Медо: “Да.”
Зајакот: “А јас таму сум?”
Медо: “Да.”
Зајакот: “А, може да ме избришеш од него?”
Медо: “Може, нема проблем.”

Поука: Комуникацијата е многу битна.

Прочитајте ја и приказната за Џамлии и бонбони.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!