Знам,
мора да е така:
никогаш не сме се сретнале ние двајца,
иако се бараме еднакво
поради среќата нејзина
и среќата моја.
Пијан дожд шиба и удира,
на врбите ветрот им ја кубе косата.
Каде ќе одам јас?
Во кој град да навратам?
Денот е исипан по матните полиња.
Скитам по светот со две празни очи
зјапам во лицата на минувачите.
Кого да прашам, гладен и мокар,
зошто никогаш не се сретнавме?
Или тоа веќе беше?
Требаше чекор?
Можеби сосема до мене дошла.
Но јас,
во крчма свратив горчлив,
а таа,
не знаејќи – прошла.
Не знам,
Цел свет го обиколивме
во луда желба
еднаква,
а за чекор се разминавме.
Да, мора да е така.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.