Наливаше кафе
Во шолјата
Долеа млеко
Во шолјата кафе
Стави шеќер
во белото кафе
Со лажичка
Го промеша
Го испи белото кафе
Без ниту еден збор
Запали
Цигара
Правеше кугови
Од чадот
Ја истресе пепелта
Во пепелникот
Без ниту еден збор
Се исправи
Без да ме погледне
Ја стави шапката на глава
Го зеде мантилот
Затоа што врнеше дожд
А потоа замина
По дождот
Без збор
Без да ме погледне
Тогаш
Јас ја спуштив
Главата во рацете
И се расплакав.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.