Нема работа, нема храна – Зен приказна

Хјакујо, кинески Зен учител, секојдневно работел со неговите ученици. Дури и на возраст од осумдесет години ги средувал градините, ја чистел земјата и ги поткаструвал дрвјата.

На учениците им било жал кога го гледале стариот учител како работи толку напорно, но знаеле дека нема да ги послуша ако му кажат да престане, па затоа еден ден се решиле да му ги скријат алатите.

Тој ден, учителот не јадел. И наредниот ден не јадел, ниту па тој по него. Учениците биле збунети. “Можеби се лути затоа што му го скривме алатот. Подобро да го вратиме назад.” Заклучиле на крај.

Дента кога го вратиле алатот, учителот работел и јадел исто како и претходно. Вечерта им го кажал следново:

“Нема работа, нема храна.“

Прочитајте ја и приказната за лошите навики и нивните корени.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!