Skip to content

Тивки битки – Јелена Ѓиноска

  • by

(10.10.2021)

Тивки битки
Вресок прикриен со нежна насмевка.
Тивок одговор ‘Добра сум’
Во кој се сокриени сите болки на светов.
Тешки рамена додека оди на штикла.
Никој не знае
Никој не познава
Таа се смее додека го пие кафето со своите луѓе.
Вешто сокривајќи ги своите рани и падови.
Постелата веќе ги знае нејзините тајни.
Огледалото гледа работи која таа самата не може да си ги каже
Дека е убава
Дека е доволна
Дека е силна
Дека зрачи низ нејзините пукнатини светлина
која може да ја засени нејзината темнина.
Само треба да види
Да го извади превозот кој со времето си го сошила сама.

Гласна болка
Бара помош од човек на човек.
Бара трошка љубов од непознати,
зошто оние најблиските одамна ѝ свртеле грб.
Била премногу гласна
И нејзината смеа и нејзината болка.
Правела од мравка-слон.
Врескала а се смеела.
Додека нејзините солзи го допирале дното.
И нејзиниот танц ја отворил капијата на пеколот.
Секогаш била премногу за да се носи некој со неа…
Сè додека не научила да се носи сама со себе.
Сè додека не видела дека раката за спас е нејзината рака.
Денес е ден за менталното здравје.
Да не ги заборавиме тивките болки да ги препознаеме и да помогнеме.
Да прегрнеме силно.
Да кажеме те сакам силно.
Тука сум за тебе секогаш…Не си сама!
Да не вртиме поглед на вресоците.
Да дадеме поддршка за тие да станат вистинска насмевка.
Денес е ден за менталното здравје и секој следен.
Љубовта кон себе и кон луѓето околу е клучот.

Јелена Ѓиноска

Напишете коментар