Времето е единствено нешто кое не можеме да го контролираме ниту да го застанеме или промениме. Си тече по својот тек и поминува без оглед на сè. Ако на него гледаме објективно тоа е мерлива величина кое може да го поделиме на минато, сегашно и идно, а неговото темпо на минување секогаш е исто. Но, ако на времето погледнеме субјективно тоа секогаш поминува различно – во зависност од тоа што правиме, каде сме и со кого. Прочитајте ги следниве мисли и цитати за времето, за неговото значење и минливост, кажани од некои од најголемите мислители, научници, уметници и други значајни личности.
„Кога нозете ќе ти се направат слаби, времето почнува да поминува побрзо.“ – Михаил Туровски
„Часовите го убиваат времето…Времето е мртво во оној миг кога тие мали нешта откуцуваат. Времето оживува единствено кога часовите запираат.“ – Вилијам Фокнер
„Не сум од оние наивни луѓе кои едвај чекаат некој иден ден и им се радуваат на родендените и новите години, напротив, мене веќе долго ми пречи што времето минува.“ – Ѓорѓе Балашевиќ
„Не е ова лошо време, ова сме ние лошите. Ние сме тие на кои животот им поминува сакајќи погрешни и газејќи ги оние вистинските.“ – Жарко Лаушевиќ
„Времето е пари кои ги имаш во својот живот. Тој е единствените пари кои ги имаш и само ти одлучуваш како ќе ги потрошиш. Биди внимателен и не дозволувај другите да ги трошат нив наместо ти.“ – Карл Сандбург
„Човекот зборува за убивање на време додека времето него полека го убива.“ – Дион Ладнер
„Фотографиите го мамат времето.“ – Изабел Аљенд
„Времето е она што сите го сакаат, но и она што го користиме на најлош начин.“ – Вилијам Пен
„Никогаш не можеш да ја планираш иднината преку минатото.“ – Едмунд Бурк
„Времето е еднакво на животот, затоа ако го упропастиш своето време ќе го упропастиш и својот живот. Или ќе владееш со своето време и ќе владееш со својот живот.“ – Алан Лекејн
„Малите деца и старите луѓе имаат многу слободно време во своите раце. Веројатно поради тоа многу добро се согласуваат.“ – Џонатан Керол
„Потроши ги своите пари и ќе останеш без нив, но ако го потрошиш времето ќе останеш без дел од својот живот.“ – Мајкл Л. Б
„Омилената работа во мојот живот не чини ништо во пари. Навистина е јасно дека највредниот ресурс кој секој од нас го поседува всушност е времето.“ – Стив Џобс
„Времето е пари.“ – Бенџамин Френклин
„Сè додека не се цениш себе, нема да го цениш своето време. Сè додека не го цениш своето време, нема ништо да постигнеш со него.“ – М. Скот Пет
„Времето оди во еден правец, сеќавањето во друг.“ – Вилијам Гибсон
„Сегашноста е точка која само што изминала.“ – Дејвид Расел
„Времето има начин да покаже дека најупорните всушност се и најпаметни.“ – Евгениј Евтушенко
„Луѓето секогаш стигнуваат точно на време на местата на кои некој ги чека.“ – Пауло Коелјо
„Времето е тука доволно долга за оние кои се подготвени да го искористат.“ – Леонардо да Винчи
„Многу луѓе не се грижат околу своите пари сè додека им ги снема, а другите го прават истото со своето време.“ – Гете
„Времето минува, старееме и заминуваме полека. Најпрво го изгубивме четвртиот за покер, третиот за преферанс, па другиот за домино и табла. Останавме сами и сега отвораме пасијанс да видиме што ќе биде со нас.“ – Душко Радовиќ
„Потпри го моето време на своето, така вечноста ќе трае подолго.“ – Мика Антиќ
„Ако си уживал во потрошеното време, тогаш тоа време не е залудно потрошено.“ – Џон Ленон
Прочитајте ги и следниве мисли за здравјето кои вреди да се прочитаат.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.