Песнички за есен од Стојан Тарапуза

Споделуваме песнички за есен наменети за децата од македонскиот писател Стојан Тарапуза. Прочитајте ги со најмилите, а потоа предизвикајте ги тие да напишат песна за есен.

Што може есента

Како прво,
есента може да соголи дрво.
Како второ,
може и со ветрот да заигра оро.
Како трето,
може понекогаш да не стопли ко лето,
Како четврто, петто и шесто,
може, кога врне, да не загрне со нешто
и под својот чадор да ни направи место.

Есента може и уште нешто
но во песнава нема веќе место!

Врне дожд

Врне дожд,
врне дожд.
Секоја капка е сребрен брош
секој брош е од мониста знак,
секој зна е од облаци траг.

Врне дожд,
врне дожд.
Со смеа се полни секој кош,
секоја тирка и секој тир,
секоја длапка и секој вир.

Врне дожд,
врне дожд.
Од него сребрее секој грош,
секое цвеќе и секој цвет,
секоја тревка и секој плет.

Врне дожд,
врне дожд!

Чадор

За нас е тој
од огромно значење,
не заштитува од облаците
кога се во фаза
на плачење.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!