Напорна работа – Зен приказна

Ученик кој учел боречки вештини отишол кај својот учител и самоуверено му рекол:
“Јас сум многу посветен на учење на твојот систем, колку време ќе ми треба за да станам мајстор?“

Одговорот на учителот бил ноншалантен: “Десет години“.

Ова на ученикот не му се допаднало, тој сакал  што побрзо да стане мајстор, па нестрпливо, одговорил:  “Но јас сакам да станам мајстор побрзо од тоа. Ќе се трудам многу напорно. Секој ден ќе вежбам. Ако треба и десет или повеќе часа дневно. Ќе дадам сѐ од себе, ќе се откажам од сѐ друго. Кажи ми учителе, ако го сторам тоа, колку време ќе ми треба тогаш?“

Учителот за момент се помислил: “Дваесет години“.

Прочитајте ја и приказната за среќната сламка.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!