Средба – Матеја Матевски

Пак еве дојде ноќта…
Дојде ко тивка вода и не ме плаши веќе
Блиска во собата седи и молчи и тихо зрачи
и знам: ќе биде добро ќе биде добро сè

Ноќ…
Колку мачно ли се чека една тешка ноќ
една темна ноќ што застрашува

Сега се смеам и знам дека сеедно не е
Како ќе дојде таа штом престрашено чекам
да биде црна црна

Па велам: во себе пеј
штом дојде топла како река со мирни брегови
со месецот што шепоти во пристанот на мислите

И не викај и што е твојот глас
штом ноќта интимно те грее:
молчи молчи

Дождови (1956)

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!