Барам човек, човек нема – Менче Кадинец

Срцето ми заспало на дланка
некако се стопило омалаксало
јадови човечки.
Што е срце без душа
или душа без срце!

Барам човек, човек нема
по калдрма трчам
каменот го гледам
цвеќето го вадам,
по Насмевот трагам
по топол збор страдам.

Тешко можам вака,
по милост да страдам,
по топлина на очи
просјак да бидам.
Ме гони налетот
на ветрот, росата ја сакам.

А толку е бедна душата
наликува на волк
без сјај, темен граблив
одамна знаев
а сега само се каев.
Барам човек,
човек нема!

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!