На јаве ме викна да пиеме чај
разменивме збор-два
и една стара тетратка
во која запишано стои, крај.
И есента има бои со силен сјај
ако и на сон си доволно храбар
да бидеш за сите и себе добар
и од животот катаден да правиш рај.
Порачав убавина и доблести со префикс “нај”
за да те импресионирам,
да умеам да не провоцирам
кога ме кудат, а не сум “кабает“, знај!