Skip to content

Немир – Зен приказна

Еден човек го замолил старешината на манастирот да го прими кај него да медитира секој викенд, бидејќи во својот дом во градот постојано бил расеан, а и звуците од уличниот метеж го вознемирувале додека медитирал.

“Добредојден си“, му рекол учителот, “ама да знаеш дека и понатаму ќе бидеш вознемируван.“

Човекот дошол следниот викенд и попладнето влегол во големата соба за медитација. местото било сосема тивко и наполно празно, освен една мала слика на Бодисатва на мудроста со едно запалено миризливо стапче пред неа. Во длабокиот мир набргу се опуштил, па потем се наместил во седечка положба обидувајќи се да влезе во медитација. Набргу просторот му се видел некако премногу тивок; па му се сторило дека слуша некој звук и ги подотворил очите. Го забележал запаленото миризливо стапче и се прашал зошто чадот секогаш оди нагоре. Потоа се соредоточил на мирисот на стапчето, кој му се сторил многу посилен од оној во храмот во близина на неговата куќа. Па почнал да пресметува колку би можело да чини тоа.

“Ако не се прескапи стапчињата (а веројатно ги добиваат по намалена цена, ако набавуваат поголемо количество), можеби би купил по иста цена. Па да, овие тука се луѓе од дух и не се заинтресирани за добивка, па потоа можам да му ги продадам стапчињата на свештеникот од нашиот храм и така да си заработам некоја пара.“
Тогаш одекнало ѕвоното за медитација и сфатил дека неговиот час по медитација е завршен. Потоа отишол кај старешината  и нерасположено му рекол:

“Е сега сфаќам. Немирот доаѓа одвнатре. Од денес ќе медитирам дома. Те молам, благослови ме.“
Учителот го благословил, а тој си заминал дома.

Прочитајте ја и приказната за напорната работа.

Напишете коментар