Одглас

Кога пишувам за себе немам зборови, имам само глас
Звучи од далечината, но е мој одглас,
Внтрешен немир
Недовеан жар
Нечујно шумоли очајно за спас
Срцево мое за нова песна
Од музите на Парнас.
Каде ли е Дионис да ми каже
Ин вино веритас?
Да се напијам една чаша
Само за нас
И знам не сум само јас
Туку песнава е за нас
Ти и јас
Ние сме двајцата
Мојот одгла­с.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!