„Крв да ни се стори“ – новa песна на Каролина Гочева, Бранислав Николов и Дуке Бојаџиев

„Бидете спремни за љубов“ вака Бранислав Николов вчера со фотогрофија (на насловна) ја најави најновата музичка соработка со Каролина Гочева и Дуке Бојаџиев од која произлезе „Крв да ни се стори“. Музиката и текстот се на Пијан Славеј.  Аранжманот и продукцијата се на Дуке Бојаџиев. Во приказната учествуваат и музичарите Трајко Симоновски-Таци, Мартина Баракоска, Мартин Џорлев, Владимир Крстев, но и продуцентот Ивица Јанкуловски.
Бранислав песната ја опиша со следниве зборови: „Крв да ни се стори е танц на две опиени птички од првото срамежливо раскрилување на топлото есенско сонце, до последниот пердушест пад во безумното вечерно винце“.  Описот на фејсбук стои под фотографијата која ја направила Маја Аргакиева.

Нежните ноти во гласот од Каролина споени со вокалот на Пијан Славеј (Бранислав Николов) се одличен музички избор за залевање на вечерта со винце, разговор, здравици и тон љубов. Соврешно склопените гласа надополнувајќи се меѓусебно во текот на песната уште подобро звучат до последниот стих, како кулминација на текстот.  

Во само неколку строфи прераскажана љубовна приказна на две заљубени гулабчиња што си гугуткаат со чаша вино и меѓусебно задевање. Одличен спој за поинакво и најново музичко „наздравување“ на докажани уметници кое се појави во вистинско време како за освежување на македонската музичка сцена. Останува да си наздравиме со понекоја чашка и да се надеваме дека нивната соработка ќе продолжи.

Крв да ни се стори 

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!