Му беше една од многуте,
којзнае која по ред во низата
од будни ноќи со грешни мисли навезени
со допири и бакнежи на тело врежани.
Му беше една од многуте,
иста како нив, а толку поразлична,
една од многуте што се издвојуваше
и една од малкуте кои не се случуваа двапати.
Му беше една од многуте,
но нималку слична на другите,
една од малкуте која можеби не ја заслужуваше
една од многуте кои му дале шанса.
Му беше една од многуте,
една од малкуте која толелираше,
една од малкуте која слепо веруваше,
една од малкуте која тивко си заминуваше.
Му беше една од многуте,
но единствена што му прочита во очите,
што му ја научи болката неискажана,
што му ја разбра душата, храбра, наоружана.
Му беше една од многуте,
но единствена што му препозна во гласот
сè што го беше премолчал, а со поглед го изадаваше
и сфати дека може да го слуша до бескрај.
Му беше една од многуте,
но една од малкуте што не се враќа
штом еднаш си замине,
една од многуте во низата,
една, една, една.
Му беше една од многуте,
една што баш нему му требаше,
една што можеби не ја сакаше,
една што не се повторуваше,
една, една, една.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.