Животот зема и дава – Сабахета Ета Мерсими

Не мачи се, себеси,
Уживај!
Животот е магија, некогаш повеќе дава,
а добива помалку…
и обратно
помалку дава, а добива многу повеќе…
Прифатете го животот
таков каков што е
Радувајте се на малите нешта
Не мачи се, себеси
Чувај се!
Заблагодари се на Бога прифатете ги луѓето такви какви што се.
Не гледајте на нивните предности и слабости
Насмевнете се
и кренете ја главата
горе…
Оди напред
животот зема и дава!
Овој пат е чуден,
шарен како боите на виножитото,
понекогаш и темен како ноќта по бурата.
Подарете љубов
дури и кога
не ви ја даваат,
Еден ден ќе сфатат колку губат,
зошто се сѐ движи толку брзо,
Не заборави!
кога некој ти ги подава рацете, бара прошка обрнува внимание
врати му со почит бидејќи некој ќе ти плати и казни за тоа.?!

*
Најубавите црвени рози
Вечерва ти ги давам како подарок
Сто најубави црвени,
во бојата на љубовта, среќата, крвта која циркулира
низ нашите вени
следејќи не до крај
на нашето постоење…

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!