Неколку цитати од големиот српски реформатор Вук Стефановиќ Караџиќ

Вук Стефановиќ Караџиќ (7 ноември 1787 – 7 февруари 1864) бил српски јазичар и голем реформатор на српскиот јазик и азбука. Роден е на денешен ден. Фолклористичката и лингвистичката дејност на Караџиќ започнала уште во 1811-1812 година, за време на престојот во Неготинска Краина, каде почнал да ги опишува Кладово, Неготин и другите населени места, како и да ги запишува јазичните обележја на тој регион.

Прв српски речник

Во 1815 година, Караџиќ ја објавил втората книга со народни песни, „Народна србска пјеснарица“, а следната година ја почнал работата на првиот српски речник. Во 1817 година, тој работел како уредник на весникот „Новине сербске“ во кои почнал да ги објавува првите рецензии, прегледи, критики и поучни статии. По двегодишна заедничка работа со Копитар, во 1818 година, Караџиќ го објавил „Српски рјечник“ кој содржел 26.270 зборови со објаснување на германски и латински јазик.

Во 1836 година, во Цетиње била објавена книгата „Народне српске пословице и друге различне као оне у обичај узете ријечи“ во која Караџиќ првпат ја внел буквата „х“ во српската кирилица, зашто тој глас го слушнал во околината на Дубровник и во југозападна Црна Гора.

Големото значење на Караџиќ се состои во тоа што го реформирал српскиот книжевен јазик и ја изменил и стандардизирал српската азбука со тоа што ги следел строгите фонемски принципи засновани на моделот на германскиот граматичар Јохан Кристоф Аделунг. Овие реформи го модернизирале српскиот книжевен јазик, оддалечувајќи го од српскиот и рускиот црковнословенски јазик, а доближувајќи го до народниот јазик, особено до источнохерцеговското наречје кое го зборувал Караџиќ.

Цитати

Прочитајте неколку интересни цитати кои самиот ги кажал или ги запишал како дел од мудрото српско народно творештво:

1. Таму каде што нема храна и пијалок, нема љубов.

2. Љубовта е убава, но е слепа.

3. Далеку од очите, далеку од срцето.

4. Тагата и љубовта не може да се сокријат.

5. Кој му копа на другиот дупка, сам во неа паѓа.

6. Без мака, нема наука.

7. Ако злото не сака да побегне од тебе, бегај ти од него.

8. Кој нема срам од луѓето, нема страв од Бога.

9. Кој има образ живее добро, оној кој го нема уште подобро.

10. Подобро да изгубиш памет, отколку да направиш грев.

11. Два пати мери, еднаш сечи.

Прчитајте ги и следниве цитати за времето!

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!