Skip to content

Пукнатини – Марија Бакиевска

  • by

Вдлабнати и длабоко изрезбани
Сокриени таму во длабочината пронајдени!
Таму поздравени
Во секојдневието оставени
Едни да не потсетат
Други правецот да ни го променат
Во едни утеха наоѓаме
Во други силата ја трошиме!
Пред едни прозор отвораме
А пред други завесите ги спуштаме!
Како белег ги носиме
Како лузни ги именуваме
Рацете туѓи да ги допрат не оставаме
А своите ги тргаме!
И често денот по ден така зад себе си го закопуваме!
Како бескрајни да се, па само во календарот на минатото ги бележиме!
Како исти да се, па нема нешто ново што да направиме!
Се лажеме
Зар не…
Се откажуваме
Така е!

А во тие пукнатини
Твоите и моите ремек дела не чекаат
Со бојата на надежта да започнеме
Со прифаќањето на нежноста да спојуваме!
Дел по дел
И празнината невидлива ќе постане!
Дел по дел
И сегашноста во смисла ќе продолжи!
Дел по дел
И невозможното ќе го оствариме!
Таму во нив
Љубовта да ја пуштиме
Со искреноста да ги пополниме
Со трпението, крилја да им создадеме!
И ќе видиме
Тогаш ќе вкусиме
Како тие уникатност стануваат
Како тие во отчукувања на срцето завршуваат!
Во импресии се облекуваат
Од Создателот живот добиваат!
И колку убавина кријат
Во градот нова светлина создаваат
Улиците во виножито ги облекуваат!

И болката во скали ја претворат
А солзите во кристали ги креираат!
А човекот
Како тебе и мене
Врз нив го насликуваат
И минувачите кои доаѓаат
Низ нив поминуваат
И чувствуваат
И допираат
И остануваат
И со часови таму се задржуваат
Вкусуваат
Живот, кој живот дава
Со тоа дома се враќаат!
А човекот
Како тебе и мене
За многу повеќе од тука зборува!
Копнее
Размислува
Тргнува и наоѓа
Низ пукнатините Креаторот го наоѓа!
И од таму нова страна започнува
И тргнува
И не застанува
Време не губи
Изговори не набројува
Денес денот го пронаоѓа!

Напишете коментар