Некогаш

Некогаш сакам само да те видам. Барем уште еднаш, да знам дека си тука. Дека не си ангел туку само човек кој тивко чекори по улиците на еден одамна исчезнат град. Дека ти се скршиле крилјата додека си летал да се сретнеш со златните порти на рајот. Но, не, не  те пратиле назад од вечноста!  Можеби, само  како Пегаз си преминал со соѕвездие, ми ја светиш ноќта и ми даваш инспирација да пишувам за тебе како муза која свири на својата харфа и ми го кршиш срцето.

Некогаш сакам само да те слушнам. Барем уште еднаш, да знам дека сè уште свириш. Им свириш на ангелите од твојата концертна сала, тие те придржуваат на своите флејти од небото, а ти лебдиш на крилјата на музиката занесен без да знаеш дека те слушам, дека умирам длабоко од звукот на твојата харфа. Крвта се слева во мојата душа како поток кој нема ни почеток ни крај и крварам до бесознание. Таму те чувам во несвесноста, во неразумот, таму тивко доаѓаат твоите звуци како тропот на коњски галоп… Да, тоа е Пегаз носејќи ја Терпсхиора која свири на својата харфа. Или можеби тоа си ти, галопираш во мисливе, во длабочината на срцето….Само светлина си, само мисла.

Нечуен си за другите, само јас те слушам и денот ми го облева сонце, живот, да доволно е да те слушнам и знам дека животот продолжува, знам дека се губи далечината и блиски сме иако толку далечни..

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!