Момчето и расплаканата девојка – Кратка приказна

Во паркот, на една осамена, дрвена клупа седела една девојка и тивко плачела. По некое време, поминало мало момченце со велосипед на кое му паднало жал за девојката и ја прашало збунето:
“Зошто плачеш госпоѓице?
“Ох, душо, не можеш да сфатиш.” Му рекла таа и почнала уште повеќе да плаче.
“Те боли ли нешто? Сакаш ли да ти ја дадам мојата играчка? Јас имам многу. Еве, повели.” Рекло момчето и од корпата на велосипедот ја извадило својата шарена играчка.
Таа почнала уште толку да плаче и низ солзи да мрмори:
“Дете, јас веќе никому не требам и никој не ме сака, затоа сум тажна, затоа плачам.”
Момчето внимателно слушајќи го овој нејзин одговор збунето ја прашало:
“Ама, сигурна си ли дека сите, ама баш сите ги имаш прашано?”

Прочитајте ја и Зен приказната за кражбата на месечината.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!