Види, куќа широка,
полја и пасишта,
бранови и ветришта,
ништо друго не ми треба.
Ништо друго не ми треба.
Види, сонце огреало,
види, пиле запеало,
слушни, тишина утешна,
мирна е, мирна душава
и ништо друго не ми треба,
и никој друг не ми треба.
Доволна е само есента,
доволна е само земјата,
плодна и црна и богата,
доволна е само реката,
силна и светла и жуборлива,
доволни се само коњите,
диви и развиорени,
доволни се само оџаците
од каминот разгорени,
доволна е само месечина
ноќе да ме огрева,
доволна е само шумата
со шум и песна
да ме заспива
и ништо друго не ми треба.
Ништо друго не ми треба,
само, таа полјана,
само, таа убавина,
само, тоа самување,
читање и излежување,
пиење и потпевување,
сама себе мир и сон,
сама себе љубов и дом.
и ништо друго не ми треба
и никој друг не ми треба,
само тоа блажество,
само таа слобода,
само тоа задоволство
во сама, далечна, чиста природа.
![](https://i0.wp.com/krajbrezje.mk/wp-content/uploads/2021/03/thumbnail_FB_IMG_1617049647286.jpg?resize=100%2C100&ssl=1)
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.