Капка солза се воздржува во окото
и знам – вечер нема ниту мир, ниту сон,
ќе крвари повторно тој мој ужас – тој мој лом.
Ќе се прелева и пече и вреска штом падне вечер
и сјајна Месечина се оцокрие,
ќе се мачи да се врати назад
и од светот кај мене да се сокрие.
Ама, рани не се лечат заврзани
и лузни не се сакаат покриени,
ако остане, тоа само така ќе крвари.
„Си одам,” не речи двапати, туку замини
и лузна остави, ама знај, не се лузни грдотии,
туку илјада зборови во тишина шепотени,
илјада уметности в мастило напикани,
мешање на љубов и солзи и здивови,
таа лузна – се тие мои зборови и стихови.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.