Дожд

Дождот доаѓа и звучи како тебе

Звучи како ненајденост

И сребрени ѕведи кои паѓаат од мојот копнеж

Како харфа која бранува во морињата на нежноста

Звучи

Како сноп светлина од рефлекторот на

Улицата по која поминуваш

Понекогаш

Звучи

Како немирно море преплавено од оган

По кое чекорат моите стапала

Без да се изгорат

Звучи

Како недосонуван сон сонуван

Во летна вечер

Кој ме освежува

Без да ги олади моите чувства.

Затоа го сакам дождот

Зошто звучи како тебе

И го очекувам како индиските монсуни

Да ме потопиш како Индија и Шри Ланка

За да живеам од твоите водени капки

Да ми зазелени срцето

И да расцутам

Од милината на твојот поглед.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!