Куноски е роден во Дебар на 20 ноември 1916 година. Го уредувал познатото списание „Детска радост“, а бил член на Друштвото на писателите на Македонија. Добил многу книжевни награди меѓу кои и „11 Октомври“ за животно дело во 1972 година.
Ноември
Од времето што го носам
може не си арен,
си настинал, ете кашлаш
како некој старец.
Па таков сум, што да правам
јас, НОЕМВРИ влажен,
облечи се добро, топло,
немој да си важен.
И варди се, оти можам
јас и снег да имам
иако по планот вечен
уште не е зима.
Република горда вашав
деној мои се роди,
пожелувам в радост,
среќата да ве води.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.