Skip to content

Луциден сон – Александра Стојановиќ

  • by

Сонот и јас,
веќе долго живееме во пар
ниту глас за нас,
се плашам
ќе го одзеде некој
од рацете мои,
ќе сака парчињата
од срцето скршено
со него да ги крои.
На моето рамо нека остане
немам ништо друго
со себе.

Не се враќа љубовта,
на вратите каде што
како скитник била избркана.
Не се враќа вербата,
таму каде што
во лага била завиена.
Вино во чашата
повеќе нема
ако еднаш
како крв црвена
се пролие.
Зборот не искажан
останува во срцето,
делата направени
го кршат на парчиња
и делот последен
кој силно верувал.
Верувал во љубов,
а сега го живее
животот суров.

Среќата се бори,
еве веќе ново срце
почна да крои,
деновите последни
сега ги брои.

Напишете коментар