Екстаза – Пол Елијар

Стојам пред тој пејзаж на женското тело

Како дете пред огнот

Со неопределена насмевка и со солзи во очите

Пред тој пејзаж во кој се во мене сé раздвижува

Во кој огледалата се замаглавуваат во кој огледалата се

осветлуваат

Одразувајќи две голи тела две годишни времиња едно

наспроти друго

 

Имам толку причини да се загубам

Врза таа земја без патишта и под тоа небо без хоризонт

Убави причини за кои вчера не знаев

И кои никогаш нема да ги заборавам

Убави клучеви на погледот клучеви синови на самите себеси

Пред тој пејзаж во кој природата ми припаѓа мене

 

Пред огнот пред првиот оган

Добра причина господарка

Новопојавена ѕвезда

Врз земјата и под небото надвор од моето срце и во него

Втора пупка прв зелен лист

Што морето го покрива со своите крилја

И сонцето на крајот од сé произлегувајќи од нас

Стојам пред тој пејзаж на женското тело

Како гранка на огнот.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели