Skip to content

Собата на спомените – Виолета Јовановска

  • by

,,Собата во која 365 дена, атомите на болката од својата душа Петра ги запишуваше.”

Прозорецот на таа проклета и студена соба, постојано беше отворен. Топлината на сончевите зраци ги топеше солзите, кои беа како печат на корицата со боја на црвено вино, од тефтерот, каде што ги запишуваше сите спомени, болни, тажни, радосни… Свежиот воздух ги допираше буквите од имињата на бедните души, кои беа напишани на ѕидовите. Тие беа како графити, и пајажината ги покриваше, тие проклетства, така погледот кон нив, помалку ја болеше.

Еден ден во неа беше како цела деценија. Внатре мирисаше само на молк. Сенката од багремот, ја прегрнуваше, кога таа тивко се молеше. После секој дожд, ѕуницата пред прозорецот, правеше насмевка на нејзината душа. Светост е, кога душата ти е насмеана. И милион земни богатства, не можат да доловат насмевка, на една ранета душа. Жално е кога животот ќe се осмели, да ти ги избрише нотите на сагата.

,,И после дождот, сонцето ново руво ќe облече, сите лузни, ѕуницата ќe ги избрише, а таа тивко ќe заспие, во прегратката на една топла душа. И тогаш  ќe сфати, дека светот е подобар, и без оние, кои одамна го напуштиле патот, по кој некогаш заедно сте чекореле”.

Напишете коментар