Куќи што одат и идат по моето чело,
семиња закопани што зреат
под моиве клепки, куќи веќе претворени
грст приказни и фотографии,
минливи градби од одрази
виснати врз водата на времето
во овој долг миг во кој некои очи
ја минуваат сметени страницава:
јас низ нив чекорам во себеси,
лампа сум во нивните празни соби
и се палам и гасам како душа.
Сеќавањето е сцена на духот
но надвор веќе е сонце: воскресенија.
Се сместувам, во себеси, ја живеам сегашноста своја.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.