Во нашиот живот патеките по кои чекориме не се воопшто случајни. Сè што ни се случува е производ на нашите постапки. Патека по патека, ехото секогаш ќе нè следи дури и ако не можеме да го слушнеме. Некој мудар човек рекол: „Сè што им правиш на другите си го правиш себе“. Животот пак ни одговара на истиот начин на којшто му се обраќаме. Ова е најдобро опишано во следнава кратка поучна приказна. Прочитајте ја во продолжение.
Еден човек и неговиот син се шетале во планина. Одеднаш момчето се сопнало на еден камен и крикнало: „Аааааауф!“. Од планината одекнало: „Ааааауф!“.
Желно да добие одговор, момчето викнало: „Кој си ти?“
Од планината одекнало: „Кој си ти?“.
Момчето разбеснато викнало: „Кукавицо!“
Гласот одговорил: „Кукавицо!“
Момчето го погледнало татко си и го прашало: „Тато, што се случува?“
„Обрни внимание.“ – рекол таткото.
Тогаш таткото викнал: „Ти се воодушевувам!“
Гласот одговорил: „Ти се воодушувувам!“
Таткото рекол: „Прекрасен си!“
А гласот повторил: „Прекрасен си!“
Момчето стоело изненадено не сфаќајќи што се случува.
Татко му му објаснил: „Луѓето ова го викаат ехо.“ Но, тоа всушност е: „ЖИВОТОТ“.
Поука: Животот секогаш го враќа она што му го даваш. Ако сакаш повеќе љубов, давај повеќе љубов. Ако сакаш повеќе добрина, прави повеќе добро. Ако сакаш разбирање труди се да ги разбереш другите. Ако сакаш луѓето да бидат трпеливи со тебе и да те почитуваат тогаш и ти биди трпелив со луѓето и почитувај ги. Ова правило се однесува на секој аспект од животот…Животот секогаш ти го враќа она што го даваш! Токот на твојот живот не е случајност. Тој е огледало на твоите дела.
Прочитајте ја и кратката приказна за момчето и расплаканата девојка.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.