На Утрото – А. Лефкоска

Утрото избледува,
кај сум?
Што сум?
Човек не сум  веќе – осеќам,
Утрото ме поседува.

Штом Сонце распука,
и гугутка загука,
и утрото слезе ко бела невеста,
ми се губи свеста и тонам в соништа,
седната покрај прозорот на старата столица –
и молчам – оставам утрото да ме однесе,
и повторно да ме вознесе онаму кај што најмногу мир сетив
пуштив немир и самотија засакав,
таму кај што утрото ме фати и од кревет ме извлече за ракав.

Утрото избледува,
кај сум?
Што сум?
Човек не сум  веќе – осеќам,
поет сум ко старите,

Утрото ме поседува,
Утрото ми е и љубов и невеста
и смрт и вода бесмртна,
за Утрото пишувам штом ја допре земјата,
за Утрото зборувам штом ја отворам устата.

Утро мое: Еве песна.
Еве стихови.
Еве душата.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!