Пронајди се во нечиј свет – Ирена Блажеска Дончева

Научи

Научи да ги препознаваш

Оние кои треба да бидат до тебе

По длабокиот поглед

Во искра потопен

По широката насмевка

Нацртана по образите

По гласот

Кој трепери од нежност

При секој допир

Научи да се надеваш

По раскошните прегратки

Кои говорат за љубов

Да се надеваш за тие луѓе

Кои вреди да се чуваат силно

За тие луѓе кои вреди

Да направиш сè

За нив вреди да се бориш

За нив вреди да живееш

Зашто реткост се

А уште пореткост си ти

Затоа убаво запомни

Пронајди ги очите

Kои ќе те гледаат посебно само тебе

Пронајди ги усните

Кои ќе те љубат само тебе

Пронајди се во нечиј сон

Пронајди се во нечиј свет

И направи го тој свет

Свет за кој вреди сè.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!