Skip to content

Сјај нежен – Менче Кадинец

  • by

Си ги гледав очите

онака без да сакам

Сјај нежен, топол

Го сменив погледот

а со погледот се сретнав

јас во него

тој во мене!

Изворот на душата

солза ми пророни

Светлост

Копнеж

Страв

Познат смирен, надежен

поглед вперен

Дали во ноќта тонам

Како да довикувам

Стрела ме прободува

низ половината

ме завиткува

ме обвиткува

ме сечи на половина.

Низ телото ми плови како

копје

крвотечението ме заспива

дали плачот ми го лови.

На небото Божји лик

го снема за миг.

А подадов рака

пред милоста Божја!

Си ги гледав очите

Топлина

Копнеж

Милост.

Напишете коментар